Search

Настинка го одложи враќањето на теренот за Погба

Францускиот фудбалски интернационалец од редовите на Манчестер јунајтед,  Пол Погба ќе мора да почека за своето враќање на терен, бидејќи само што закрепна од повредата, сега има настинка.

Неговата здраствена состојба ја потврди и тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, кој рече дека Погба нема да игра на утрешниот меч против Колчестер во англискиот Карабао куп.

Погба веќе 11 недели нема играно официјален натпревар. Последен настап му беше на 30 септември против Арсенал, а неизвесен е неговиот настап и за време на претстојниот викенд кога Јунајтед ќе гостува кај Вотфорд во Премиерлигата.

Французинот сезонава играше на само шест меча и нема постигнато ниту еден гол

Треба да знаете
Последни објави