Search

Меси: На „Бернабе“ имаме поголем простор за игра, а на „Камп Ноу“ треба многу да работиме за да ги пробиеме

Во пресрет на утрешното „Ел-класико“ на „Камп Ноу“ каде Барселона го пречекува големиот ривал Реал Мадрид, во меч одложен од 10. коло во шпанската фудбалска Примера, најголемата ѕвезда од редовите на домаќинот Лионел Меси открива зошто неговиот тим полесно поминува како гостин, отколку пред своите навивачи. Во последните сезони, Барса има повеќе победи на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал отколку на „Камп Ноу“. За ваквиот статистички скор одговор има Меси. – Кога играме на „Бернабеу“, имаме повеќе простор да се размавнеме по теренот. Реал игра отворено, бидејќи имаат обврска да напаѓаат. Тоа од нив го бараат и очекуваат нивните навивачи. Кога гостува на „Камп Ноу“, играта поинаку ја поставуваат. Чекаат ситуации да организираат брзи контранапади. На „Бернабеу“ се игра отворено сите 90 минути. Пред нашите навивачи мора многу напорно да работиме за да ги пробиеме. Тоа ни ја прави работата многу покомплицирана – објаснува Меси.

Треба да знаете
Последни објави