Search

Кошаркарската федерација со благодарност до Општина Центар

 – Раководството на КФСМ беше во посета на Општина Центар и на градоначалникот Саша Богдановиќ му изразија благодарност за поддршката во реализацијата на новиот проект на кошаркарската федерација, Минибаскет лигите.

Претседателот Перо Антиќ и генералниот секретар Владимир Георгиевски, во знак на благодарност за поддршката која ја добија од Општина Центар, на градоначалникот му врачија специјално изработена благодарница.

Општина Центар и градоначалникот Богдановиќ финансиски застанаа зад настанот кој изминатиот викенд КФСМ го реализираше во својот дом, салата на СРЦ „Кале” во Скопје, а учествуваа 550 деца на возраст од 8 до 10 години. 

Треба да знаете
Последни објави