Search

Компанијата за кафе ќе му плати 5.000 долари на човек за една недела живеење во шкотски замок

Шведската компанија „Гевалија“ бара личност што ќе живее како крал во еден шкотски замок една недела и ќе пие кафе, а сето тоа за сума од 5.000, пренесува „Спутник“.

„Гевалија“, која исто така произведува чај, ја нарече посакуваната личност нивна „кралица на кафето“, но нагласи дека секое возрасно лице може да учествува во нејзиниот натпревар.

Покрај тоа што ќе живее како кралица или крал во замокот Карлори во Единбург, победникот ќе ужива во услугите на личен батлер, релаксирачки спа-третмани, пет оброци, ќе добие 2.000  долари за трошење и чек од 25 илјади долари. Уште еден интересен дета детаљ – победникот може да донесе пријател со себе.

За натпреварот можете да се пријавите со едноставно на мал формулар за апликација одговарајќи на прашања како што се – колку шолји кафе пиете на ден, вашиот датум на раѓање и слично, но мора да го доставите до 21 декември. Победникот ќе биде објавен на 30 декември.

На почетокот на декември „Американ марихуана“ ангажираше рецензент на производи од канабис со годишна плата од 36 илјади долари. Според описот на работното место, лицето мора да пуши трева секој ден и потоа да напише искрени критики за производите во форма на блог.

Треба да знаете
Последни објави