Search

Ердоган бара преселување на милион бегалци на северот од Сирија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека милион сириски бегалци, „во многу краток временски период” и на доброволна основа треба да се преселат во „зоната на мирот”, на северот од нивната земја.

-Мораме да пронајдеме формула на бегалците кои патуваа до Турција да им овозможиме да се преселат во нивната татковина, кажа Ердоган на Глобалниот форум за бегалци во Женева.

Во моментов во Турција се наоѓаат 3,7 милиони сириски бегалци, а Ердоган смета дека во „зоната на мирот” можат да се изградат станбени објекти и училишта, пренесоа британските медиуми.

Ердоган истакна дека во оваа зона веќе се вратиле 371.000 сириски бегалци по турската воена операција чија цел беше, како што наведе, областа да се исчисти од „терористичките организации”:

Во овој контекст тој ги спомена и Исламска држава и кудските Единции за заштита на народот  и Курдската работничка партија.

Треба да знаете
Последни објави