Еклстон со бесна порака откако на неговата ќерка ѝ украдоа накит вреден 60 милиони евра

По грабежот на Тамара Еклстон (35) нејзиниот татко Берни Еклстон (89), поранешен прв човек во Формула 1, ги изнесе своите сомнежи.

Тамара Еклстон беше ограбена, а непознати крадци од нејзиниот дом однеле накит вреден 60 милиони евра.

По ограбувањето на неговата ќерка Берни изјави за британските медиуми дека грабежот е премногу добро организиран за да го извршат провалници кои не знаеле како да се снајдат во куќа со 57 соби.

„Јас ги немам сите детали поврзани со истрагата, но ако земеме предвид каква е безбедноста на Тамара, морам да претпоставам дека ова е осмислено од некој внатре! Ужасно е што се случи, но мило ми е што семејството беше на пат“, изјави Берни за британските медиуми по грабежот.

Вилата на Тамара вредна 80 милиони евра се наоѓа во делот на Лондон каде што има амбасади на неколку држави и според тоа, има постојани вооружени патроли на полицијата.

https://www.instagram.com/p/B6IRmrqJJRQ/?utm_source=ig_web_copy_link

Тамара, како и нејзиниот татко, смета дека грабежот го смислил некој што ѝ е близок, а своите сомнежи ги потврди со фотографија од мистериозен цитат на Библијата, која ја сподели на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Треба да знаете
Последни објави