Дендиас: Прашањето со Договорот Турција – Либија оди во правните служби на ОН

Прашањето за договорот меѓу Турција и Либија, Гутереш ќе го упати до правните служби за да ја има нивната перцепција, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас по средбата во Женева со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изјава за грчките новинари, Дендиас вели дека на Гутереш му ги објаснил ставовите на Атина за двата меморандуми, кои беа потпишани меѓу Турција и владата на Триполи, додава дека за Грција тие се непостоечки, “затоа што беа потпишани од владата која нема такво овластување”.

-Во врска со Либија, генералниот секретар, како што очекувавме, откако внимателно ме слушна, ми рече дека ќе го упати прашањето до правните служби на ООН, така што ќе ја има нивната перцепција, рече Дендиас.

Според шефот на грчката дипломатија, на средбата со Генералниот секретар на Обединетите нации станало збор и за кипарското прашање, а Дендиас ја изразил подготвеност на грчката страна да помогне на кој било можен начин.

Треба да знаете
Последни објави