Search

Даде гол против Реал, и Валенсија му го продолжи договорот

– Фудбалерот Карлос Солер го продолжи својот договор со Валенсија до 2023 година, а клубот сега ја зголеми неговата откупна клаузула и таа изнесува 150 милиони евра.

Со овој договор, Валенсија се заштити од можните понуди кои би стигнале на нивна адреса за Солер, кој претходно имаше договор со „лилјаците” до 2021.

Откако го „врза” Солер кој викендов постигна гол на дербито против Реал Мадрид, Валенсија во следните неколку недели ќе се обиде истото да го направи и со Гарај и Феран Торес. Со нив ќе оди потешко отколку со Солер кој цел живот е во Валенсија и не ни помислуваше на заминување.

Треба да знаете
Последни објави