Search

Горбачов: САД тежнеат кон воена супериорност

Поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов смета дека со повлекувањето од системот на спогодбата за намалување на контролата на нуклеарното оружје, САД тежнеат кон еднострана воена суперироност, меѓутоа таквата цел е опасна и неостварлива, пренесува ТАСС.

„Во основата на причината за повлекувањето на САД од спогодбата лежи нивното тежнеење да се ослободат од сите ограничувања во воената сфера и да постигнат апсолутна воена супериорност. Меѓутоа, во современиот свет е невозможна хегемонија на една сила.Ако дојде до нестабилност во областа на безбедноста, тогаш како резултат на новата трка во вооружувањето, сета светска политика ќе потоне во анархија и непредвидливост. Тоа ќе ѝ наштети на безбедноста на сите земји, вклучувајќи ги и САД“, истакна Горбачов во интервју за јапанскиот весник „Асахи“.

Тој смета дека Русија и САД повторно треба да го обноват дијалогот за нуклеарното вооружување и движење кон ненуклеарен свет.Во претходно интервју за Си-ен-ен, Горбачов изрази надеж дека ќе се зачува Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ), но истиот беше раскинат на иницијатива на Вашингтон на 2 август.

Иднината на руско-американскиот стратешки договор за намалување на оружјето, познат како „Нов СТАРТ“, исто така е нејасна. Договорот истекува во февруари 2021 година, но проширувањето на документот останува под знак прашање поради ставот на Вашингтон.

Треба да знаете
Последни објави