Германските свештеници порачаа дека хомосексуалноста е нормална работа

Германските бискупи минатата недела порачаа дека хомосексуалноста е нормална. Комисијата за брак и семејство на германската бискупска конференција се согласи дека да се биде геј е нормална форма на сексуален идентитет, што го објави и на својата официјална интернет-страница.

Како што се појаснува, заклучокот е постигнат по професионална консултација, во соработка со Институтот за христијанска етика и политика во Берлин, на која присуствувале лекари и теолози.

Сексуалните преференци на луѓето се хетеро или хомосексуални. Двете ориентации се нормални и не можат и не треба да се менуваат, било заклучено на професионалното советување одржано на почетокот на месецот.

Берлинскиот надбискуп исто така објасни дека со оглед на тоа што сексуалната ориентација е непроменлива, треба да се отфрли и каква било форма на дискриминација кон хомосексуалците.

Треба да знаете
Последни објави