Воените морнарици на Русија и на Сирија почнуваат заеднички вежби во Медитеранот

Морнариците на Русија и на Сирија денеска почнаа со заеднички вежби во Медитеранот, јавија руските медиуми.

Во вежбите ќе бидат руски бродови и авиони од воздухопловната база Хмеим, како и носачи на ракети и други воени бродови на сириската морнарица, јави Тасс.

Командантот на вежбата, полковник Александар Јулдашев, рече дека маневрите ќе се одвиваат во заедничко опкружување и ќе вклучуваат различни тактички епизоди.

– Групите за безбедност и одбрана ќе вежбаат мерки на брегот за спречување напади врз објекти на базата Тартус, рече Јулдашев.

Целта на вежбата е да се зголеми интероперабилноста помеѓу вооружените сили на Русија и Сирија и со тоа да се зголеми ефективноста на борбата против тероризмот.

Треба да знаете
Последни објави