Search

ВИДЕО: Луда журка во Л.А. : Славеникот Диди ,,го брише” подот,сопругот на Бијонсе одзема мобилен

Иако пејачката е позната по сексапилот и облините, што сака да ги истакнува во тесни фустани, модните критичари се согласија дека се надминува во саботата, барем што се однесува до смелиот стајлинг.

Таа се собра во прекрасен црн, долг фустан со деколте скоро до половината, направен од косовската модна куќа Кујта&Мери. Деколтето е украсено со стотици кристали со детали на лисја, а таа ја потенцира елеганцијата со долги црни нараквици и сребрена ташничка.

Ова беше прво појавување на Бијонсе на јавен настан, откако неодамна доби многу критики за вишокот килограми што ги доби за време на бременоста.

Забавата на Диди беше забранета за  камери и мобилни телефони, па сепак излегоа во јавноста неколку фотографии и снимки. Една серија на слики покажува дека раперот се забавува, танцува со шампањ во рацете, ги анимира пријателите околу себе и во еден момент ја изгуби рамнотежата и заврши на подот.

И покрај фактот дека таквите забави очигледно имаат строги правила за снимање, едно кратко видео сепак излезе во јавноста.

Бијонсе танцуваше целосно опуштено со пријателите Савити и Кели Роуланд,а нејзиниот сопруг, кој стои покрај неа, го губи трпението и зграпчува мобилен телефон од рацете на маж кој ја снима атмосферата, веројатно мислејќи дека сака да ја фотографира неговата сопруга. Веќе во следната секунда, по очигледното вербално предупредување, раперот му го враќа мобилниот телефон.

Видеото, се разбира, се прошири на социјалните мрежи, а Џеј Зи беше прогласен за одличен заштитник.

На роденденската забава на Диди се појавија и Ким Кардашијан и Канје Вест, Клои Кардашијан, Кајли Џенер, Крис Џенер, Леонардо Ди Каприо, Пост Малоун, Офсет, Елен Помпео, Ушер, Биг Шон, The Weeknd, Мери Џеј Блиџ и многу други.

Треба да знаете
Последни објави