Search

Вардар преку Нексе или Еурофарм Работник ќе треба да стигне до завршниот турнир на СЕХА лигата

Вардар актуелниот, петкратен шампион во ракометна машка СЕХА лига, во осминафиналето од разигрувањето во деветтото издание од регионалното натпреварување ќе биде слободен како првопласиран од групата А. Сезонава за прв пат СЕХА-лигата се игра во две групи со по шест тима. Првите две екипи од групите директно се пласираа во четвртфинале, а другите од 3. до 6. место разигруваат во осминафиналето.
По завршувањето на лигашкиот дел и утврдениот конечен пласман, Вардар во четвртфиналето го чека подобриот од дуелот Нексе, кој неодмна на комбинираниот тим на „црвено-црните“ му го нанесе најубедливиот пораз досега што една екипа го претрпела во ова натпреварување и Еурофарм Работник, вториот македонски претставник во ова натпреварување сезонава. Дуелот меѓу овие eкипи е закажан за во февруари 2020 година
Двојки за осминафинале се: Спартак – Татран, Металопластика – Војводина, Нексе – Еурофарм Работник, Пекинг СУ – Мешков.
Победниците од овие натпревари продолжуваат во следната фаза каде ги чекаат екипите на Вардар, Мотор, Веспрем и ППД Загреб.


Првиот меч од четврт-финалето Вардар ќе го игра на гостински терен, а потоа реваншот е дома во Скопје. Првиот меч од четвртфиналето би требало да се игра на 7 или 8 март 2020, а реваншот на 14 или 15 март 2020. Победникот од овој четвртфинален дуел ќе игра на Ф4 турнирот во СЕХА лигата што е закажан за првиот викенд во април 2020 година. Местото на одигрување на натпреварите од Ф4 дополнително ќе биде подредена.

Треба да знаете
Последни објави