Search

Британец испрскал со освежувач во возилото, запалил цигара и го кренал во воздух

Пушењето во автомобил му предизвикало голем проблем на возач, кој користел спреј за освежување на воздухот пред да запали цигара. Така, тој предизвикал експлозија која целосно го уништила автомобилот и му го загрозила животот.

Инцидентот се случил во саботата, на 14. декември, пред очите на бројните минувачи на прометна улица во англискиот град Халифакс.

Локалните медиуми објавија дека експлозијата го уништила автомобилот. Од неа испукале стаклата на возилото, но и на некои објекти во близина.

„Седев во блискиот бар кога експлодираше автомобилот“, напишал еден корисник на „Твитер“.

Британски „Мирор“ известува дека, за среќа, возачот излегол од возилото само со полесни повреди.

Во полицискиот извештај се вели дека Британецот прво ја испрскал внатрешноста на автомобилот со освежувач за воздухот, а потоа запалил цигара што предизвикало експлозијата бидејќи претходно не го проветрил возилото.

Возачот со полесни повреди го напуштил автомобилот, а прва помош му била укажана на местото на инцидентот. Улицата каде се случила експлозијата била блокирана за да се изврши увид.

„Автомобилот буквално експлодираше пред мојот стан. Целата зграда се стресе и прозорците затреперија“, ја опиша експлозијата жител на Халифакс.

Треба да знаете
Последни објави