Search

Барселона и Реал заедно ќе пристигнат на „Камп Ноу“ за да се избегнат инциденти

Првото големо дерби во шпанската фудбалска Примера, Барселона и Реал мадрид ќе го одиграат утре на „Камп Ноу“. Натпреварот кој привлекува големо внимание не само во Шпанија туку ширум светот е од 10. коло. Не се одигра во редовниот термин поради политичката ситуација во Каталонија, па по низата договори и преговори на крајот падна одлука 18 декември да биде големото фудбалско соочување, иако Каталонците се заканија дека и пред утрешниот дуел ќе се соберат во голем број за да го блокираат пристапот до стадионот.

За да не дојде до некои посериозни нереди ќе биде ангажирано големо обезбедување, а двата тима, на Барселона и на Реал Мадрид заедно ќе патуваат кон стадионот со цел да се избегнат несакани сцени. Ова е дополнителен притисок за „кралевите“, а тренерот Зинедин Зидан го даде своето видување за  она што го очекува неговите избраници на „Камп Ноу“.

– Правилата се правила. Одлучено е заедно да одиме на натпреварот и тоа ќе го сториме. Не би се занимавал со тоа, најважно е натпреварот да се одигра. Ние мора да размислуваме само за мечот, на другото не можеме да влијаеме. Мора да дадеме се од себе, но на крајот тоа ќе биде само еден обичен фудбалски натпревар вреден три бода. Барселона го има Меси, но и ние си имаме свои адути. На теренот ќе се играме 11 против 11 – изјави Зидан.

Треба да знаете
Последни објави