Search

Администрацијата на Трамп не признава геноцид врз Ерменците

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави денеска дека нема да го користи зборот „геноцид” за означување на на масакрот над Ерменците откако Конгресот донесе резолуција со која се признава геноцид извршен за време на Отоманската империја, што предизвика незадоволство на Турција.

– Позицијата на владата не е променета, рече портпаролоката на Стејт департментот Морган Ортагус, додавајќи дека ставот на владата на САД е ист како во изјавата на Трамп, лиферувано во април. Трамп тогаш се осврна на „еден од најлошите масакри во 20 век”, но се воздржа од употреба на зборот „геноцид”.

Сенатот, горниот дом на американскиот Конгрес, едногласно на 12 декември го призна геноцидот на Отоманската империја над Ерменците на почетокот на 20 век. Резолуцијата беше усвоена кон крајот на октомври од страна на Претставничкиот дом.

Треба да знаете
Последни објави