Австрија заработува од високи судски такси

Австрија, во споредба со другите земји од ЕУ, има екстремно високи судски такси, врз основа на кои остварува голема заработувачка за буџетот.

Тој факт ги принудува потенцијалните подносители на тужба, поради високите трошоци, да се откажат од започнување судски спор.

Државата минатата година врз основа на такси за судски процеси остварила приходи во износ од 1,2 милијарди евра, што е повеќе пари отколку што чини правниот апарат, исклучувајќи ги затворите.

Финансиите кои остануваат се пренасочуваат во буџетот, и не се поврзани со посебна област, па Министерството за финансии може со нив слободно да располага.

Во Австрија таксата се одредува врз основа на вредноста на спорот, па тоа не претставува пречка само за оние кои имаат ниски плати, туку и државата повеќе пати се откажала од покренување судски процеси.

Треба да знаете
Последни објави