Запленета нелегална пратка метадон во Русија вредна над 90 милиони долари

Голема пратка метадон, кој е забранет во Русија, вредна повеќе од 5,8 милијарди рубљи (93 милиони американски долари) била запленета од цариниците на московскиот аеродром „Внуково“, соопшти во вторникот Федералната царинска служба, пренесува ТАСС.

„Голема непријавена пратка метадон, испратена од Германија за Таџикистан, беше откриена на почетокот на декември 2019 година од страна на царината на „Внуково“. Вредноста на оваа пратка на црниот пазар може да надмине 5,8 милијарди рубли”, велат од службата.

Повеќе од 2.000 шишенца со безбојна течност биле доставени со авион од Келн. Нелегалната пратка била забележана во делот за привремено складирање.Покрај тоа, на етикетите на шишенцата немало точни информации за количината на оваа супстанца.

Експертите проценуваат дека нелегалната пратка може да вреди помеѓу 5,8 милијарди и 6 милијарди рубли (96 милиони американски долари). Царината на „Внуково“ почна кривична истрага за криумчарење големо количество дрога.

Треба да знаете
Последни објави