Влада: Вработените во МВР пензионирани до март 2010 година ќе добијат повисоки пензии

Владата на на својата редовна 171 седница што се одржа во Куманово, го утврди Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи.

Основната цел на предложените измени и дополнување е заштита на правата од областа на пензиското и инвалидското осигурување на пензионирани работници од Министерството за внатрешни работи кои правото на пензија го оствариле во периодот од 01.01.1994 година до 20.03.2010 година исклучиво според одредбите на тогаш важечкиот Закон за пензиското и инвалидското осигурување со што ќе се ублажи неправдата на овие пензионирани работници.

Со предложените измени, овие пензионирани работници на МВР ќе се стекнат со право на пензија согласно одредбите од Законот за внатрешни работи од 2010 година, според кои старосната пензија се утврдува во висина од 80% од просечната месечна нето плата што работникот ја остварил во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж.

На оваа седница Владата на РСМ донесе одлука да се формира Совет за координација на безбедносно – разузнавачката заедница, во следниот состав:

–  Зоран Заев –  претседател на Владата на Република Северна Македонија,

– Садула Дураки – заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците,

–  Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи,

–  м-р Радмила Шекеринска Јанковска – министер за одбрана,

–  м-р Никола Димитров – министер за надворешни работи,

–  Викторио Димовски – директор на Агенцијата за национална безбедност,

–  Еролд Муслиу – директор на Агенцијата за разузнавање, и

– Горан Василевски – раководител на надлежната организациска единица за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана.

Треба да знаете
Последни објави