Search

Ременски и Мандиќ вршат увид на доказите за „Рекет 2“

Пратеничката Фросина Ременски денеска во Обвинителството за организиран криминал продолжи со увид на доказниот материјал против неа за случајот со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, откако во петокот кај обвинителката Вилма Рускоска помина пет часа, јави „А1он“.

Денеска увид на доказите прави и Јасна Мандиќ, која е еден од сопствениците на Меѓународниот сојуз, а Русковска ја сомничи за измама и перење милион евра на бизнисмените за наводните старечки домови. Мандиќ моментално е во куќен притвор, кој и го одреди судот по барање на Русковска. Според Обвинителството, постои опасност за уништување на докази, влијание на сведоци и други основи.

Мандиќ се товари за измама и перење пари во износ од засега утврдени милион евра, кои првоосомничениот Боки 13 ги зел со измама од двајца бизнисмени, наведувајќи ги дека ќе ги инвестира во нивна корист за изградба на домови за стари лица.

Обвинетиот Боки 13 во петокот не беше спроведен од затворот „Шутка“ за да направи увид во доказите, тоа во негово име го направи адвокатот Сашо Дуковски, а не дојде ниту таткото на Јовановски, Миле.

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција,  Русковска во саботата рече дека истрагата за овој случај, во јавноста познат како „Рекет 2“ привршува, а на почетокот на јануари може да се очекува и обвинение.

Треба да знаете
Последни објави