Search

ВМРО-ДПМНЕ Лага до лага се изјавите за потрошените милиони за Куманово, кога градот е руина

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Горан Сугарески

„Куманово не наликува на европски град од 21 век. Куманово е запустено од децениското криминално владеење на СДСМ. Лага до лага се изјавите за потрошените милионски суми за проекти во Куманово, кога градот е руина. Кумановчани секојдневно се сведоци  за недомаќинското работење на општината. Тие ги плаќаат штетите од руинираната патна инфраструктура и негрижата на властите за условите во коишто живеат.

Требаше да поминат цели три години за да сфати владата дека треба да почне со изградба и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа низ овој регион.

За овие три години СДСМ единствено може да се пофали со сомнителните зделки на градоначалникот Димитриевски. Кумановчани единствено што можеа да видат се  проектите реализирани или почнати за време кога ВМРО-ДПМНЕ ја имаше централната власт.

Сугарески и Димитриевски на кумановчани им должат одговори до каде е изградбата на цевководот Куманово-Ципково? Што се случи со проектот за отпад и дисколакација на постоечката депонија? Кога ќе биде завршена  изградбата на мрежата за гасификација?

Нема соодветно сообраќајно решение за градот , развојот на индустриската зона е мисловна именка од програмата за живот, реконструкцијата на градскиот плоштад сеуште  не е почната, а регулацијата на речното корито и пешачките патеки сеуште е во тек.

Ваквиот неуспех граѓаните во Куманово знаат да го препознаат и изморени се од лагите на власта. За недомаќинското работење и лажните вести ќе бидат казнети на 12-ти април.“

Треба да знаете
Последни објави