Search

Дескоска му одговори на Груевски: Вратата ти е отворена, дојди

Министерката за правда Рената Дескоска експресно на Фејсбук му одговори на азилантот Никола Груевски за критиките кои тој ги упати до неа и го повика да се врати, оти вратата од нејзиниот кабинет му е отворена. Поранешниот премиер на Фејсбук ги негираше обвинувањата од Дескоска во емисијата „Клик плус“ дека тој и фамилијата со изнуди преземале фирми низ цела Македонија.

– Денеска г. Груевски ме почестил со своја реакција на моја изјава на дебатна емисија на ТВ21. Како одговор на неговата реакција сакам да потсетам дека во текот на дебатата за прашањата за кои реагира не кажав ништо ново што не можеше во минатиов период да се прочита во печатените и електронските медиуми. Сепак, вратата на мојот кабинет е отворена за г. Груевски, за да поразговараме за прашањата на кои реагира. Го поканувам да дојде, напиша Дескоска.

https://www.facebook.com/renatadeskoska/posts/2551121151833656

Треба да знаете
Последни објави