Search

Тејлор Свифт плени во морнарско син комбинезон на настан во Лос Анџелес

Таа без сомнение е жена на деценијата по многубројните распродадени турнеи  (вклучувајќи ги и стадионите), и албуми на врвот на светските топ листи.

Тејлот Свифт, која што утре полни 30 години, ги плени присутните додека позираше на црвениот тепих на настанот Billboard Women in Music каде беше почестена со изборот за Жена на деценијата.

Таа беше добитник на Греми на свои 16 години кога за прв пат стана славна со својот деби албум. А досега таа има добиено многу награди и признанија, како што се 23 Билборд музички награди, 12 награди од страна на асоцијацијата за кантри музика и 10 Гремија.

На манифестацијата што се одржа во Лос Анџелес во четвртокот, пејачката на хитот Lover изгледаше како да излегла од љубовна приказна – во морнарско син комбинезон и златни ланци на рамењата.

„Што значи да се биде жена на оваа деценија? Па, тоа значи дека сум видела многу. Кога започна деценијава имав 20 години. На 16 години веќе имав деби-албум, а албумот што стана моја пресвртница беше наречен „Бестрашен“. И тогаш видов дека постои свет на музика…“, рече Тејлор Свифт во своето обраќање пред публиката.

Треба да знаете
Последни објави