Search

(Видео) Позната актерка вози трактор на својата фарма

Холивудската актерка Џенифер Гарнер (47) објави видео на социјалните мрежи за кое  доби многу лајкови од своите обожаватели.

Убавата актерка е сопственичка на компанијата „Once Upon A Farm“, која произведува органска храна за бебиња.

Таа реши да покаже како изгледа подготовката на новогодишната прослава за најмладите во рамки на нејзината компанија. Џенифер со насмевка на лицето мавта кон камерата, додека го вози тракторот без страв.

„Фармерката Џен, секоја чест“, „Најубавата и најзгодна фармерка досега“, „Браво, Џен, ти си најдобра“, се некои од коментарите што се појавија под видеото на актерката.

Џенифер се разведе од актерот Бен Афлек пред четири години, по десет години брак. Таа неодамна беше вплеткана во аферата Купер-Лејди Гага. Некои странски медиуми тврдат дека Гага во тоа време му била само параван на Бредли, кој во тоа време бил во врска со Џенифер.

Треба да знаете
Последни објави