Search

„Амнести интернешнл“: Екстремистите од Боко Харам убиле 275 луѓе во Камерун

Екстремистите од Боко Харам убиле најмалку 275 лица оваа година на крајниот север на Камерун, и покрај тврдењата на владата дека исламистичката група ослабела во областа, објави денес „Амнести интернешнл“.

Повеќе од 80 проценти од жртвите убиени меѓу јануари и ноември се цивили, наведува меѓународната организација за човекови права по двонеделната мисија во областа.

Ал Самира Дауд, в.д. регионален директор за Западна и Централна Африка, рече дека луѓето во тој дел од Камерун живеат под терор.

„Многумина од нив беа сведоци на нападите на Боко Харам и ги загубија членовите на семејството или пријателите. Тие веќе не се прашуваат дали ќе има нови напади, туку кога ќе се случат. Тие чувствуваат дека властите целосно ги напуштиле“, рече таа.

Исламистичката група уби десетици илјади луѓе и принуди милиони да ги напуштат своите домови, пренесува АП.

Треба да знаете
Последни објави