Search

На гостиварец му дошла полиција па фрлил во двор чанта со кокаин

На 10.11.2019  околу 20.45 часот во двор од куќа во гостиварската населба Грудајца, полициски службеници на СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар пронашле чанта со околу 30 пакувања марихуана и кокаин.

Чантата во дворот ја фрлил С.И.(22) од Гостивар, откако ги забележал полициските службеници.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави