Search

(видео) Децата кои рипнаа од балкон за време на земјотресот се запознаа со Роналдо

Премиерот на Албанија, Еди Рама им приреди изненадување на двете деца, Аурелин и Алејсон, кои во страотниот земјотрес од 6,4 степени по Рихтер што ја погоди Албанија, за да се спасат, скокнале од балконот од своите домови. Тие се здобија со повреди, но за среќа успеаја да се опорават.

По излегувањето од болница, Рама ги однесе децата во Торино, каде ги ги запозна со Роналдо и Буфон.

Тие добија подарок дресови потпишани од двајцата популарни фудбалери.

– Фала многу Роналдо, ова е од големо значение, не само за децата, туку и за целата држава – изјави Рама, кој им објаснуваше на двјацата фудбалери за земјотресот и целата ситуација која што настана по силниот земјотрес.

Треба да знаете
Последни објави