Search

Рускоска задоволна од пресудата за Кичеец

Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска порача дека е задоволна од изречената казна за Зоран Милески-Кичеец, кој доби три години затвор за аферата „Рекет“.

Таа рече дека казната за Кичеец е очекувана и оти откако ќе ја добие пресудата ќе реши дали ќе поднесе жалба.

-Мислам дека е добра изречената санкција, но сепак откако ќе ја добијам пресудата ќе одлучам дали ќе поднесам жалба за висината на казната. Не очекував повисока казна, зашто сепак е голем распонот од една до десет години со оглед дека досега е неосудуван и особено што призна вина, рече Рускоска.

Сепак, таа се спротистави на барањето на одбраната на Милески тој да биде ослободен од домашен притвор, па мерката на претпазливост останува до правосилноста на пресудата.
Според неа, во доказна постапка во случајот Рекет Милески може да биде повикан и како сведок на одбраната или на ОЈО.
Треба да знаете
Последни објави