Search

Џастин Бибер приреди изненадување со розова коса

Популарниот пејач Џастин Бибер важи за еден од милениците на девојките, а познат е и по тоа  што честопати менува фризури.  Но,  неговата најнова промена е оценета како вистинско разочарување. Пејачот на мегахитот “As Long As You Love Me”  (Додека ме сакаш) во неделата се појави со нова необична боја на косата. Повеќе ги нема светло-русите прамени кои што ги направи за втората свадбена церемонија со Хејли во септември.
Наместо тоа, поп ѕвездата изненади во сосема ново издание – бебешки розова коса.
Папараците го забележаа Бибер додека игра кошарка со пријатели во Беверли Хилс, Калифорнија. Што се однесува на стилот за спортување, остана непроменет – преголема бела маица и соодветни бели патики.
Во изјава за People, извор близок до пејачот тврди дека Бибер работи на нова музика и се подготвува за турнеја. „Новиот албум ќе биде објавен многу брзо. Се надевам токму за празниците,“ рекол изворот. „Џастин исто така се подготвува за турнеја следната година. Тој интензивно вежба и танц на сцена“.

Треба да знаете
Последни објави