Search

Вардар во Нови Сад сака да им се врати на победите

Македонскиот, регионалниот и европскиот актуелен ракометен првак во машка конкуренција Вардар вечерва (20.45 ч.) во Нови Сад против Војводина ќе се обиде да се рехабилитира од серијата тешки порази во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите. Натпреварот од А групата во СЕХА лигата, каде Вардар е лидер се можност за десеткуваниот состав на тренерот Едуард Кокшаров да ја врати самодовербата. „Црвено-црните“ се фаворити, барем според статистиката. Во дуелите со српскиот првак Војводина досега забележале десет победи, а загубиле само еден меч.

-Тешко ми е да се повторувам како се справувавме со сите повреди. Се обидуваме да дадеме максимум. Војводина има сериозен и силен состав. Ние ќе играме со комбиниран состав, но ќе сториме сé што можеме за да победиме. Ни остануваат уште неколку натпревари во СЕХА лигата пред крајот на регуларниот дел од сезоната и ќе дадеме што е во наша моќ да зевршиме со победничк ритам – вели  Кокшаров.

Треба да знаете
Последни објави