Search

Вилијан: Не сакам да комуницирам со други клубови, ја чекам понудата на Челси

Играчот од средниот ред на Челси, Вилијан, проговори за неговиот договор со „сините”, кој завршува на крајот на оваа сезона.

-Не сакам да комуницирам со други клубови, затоа што имам договор до крајот на сезоната. Јас сум играч на Челси, само сакам да кажам дека клубот знае што ми треба. Искрено, среќен сум овде, среќен сум што играм за овој клуб, но тоа не зависи од мене. Чекам понуда од клубот, тие знаат што сакам, изјави Вилијан.

Оваа сезона Вилијан одигра 12 натпревари за Челзи и постигна два гола.

Треба да знаете
Последни објави