Search

Ботас најбрз на слободниот тренинг, но се судри со Грожан

 Финецот Валтери Ботас од Мерцедес беше главна ѕвезда на денешните неофицијални тренинзи на патеката во Абу Даби, каде в недела ќе се вози трката од Формула 1 шампионатот.

Ботас постави најдобро време на вториот од двата тренинзи, но при крајот на сесијата, во обид да го претекне Ромен Грожан, удри во неговиот болид, и двајцата се извртеа.

Ботас на трката ќе стартува како последен, како казна бидејќи го менуваше моторот. Зад него, второ најдобро време на вториот тренинг имаше Луис Хамилтон, а потоа се најдоа двајцата пилоти на Ферари.

Треба да знаете
Последни објави