Search

Македонската фудбалска репрезентација остана на 68. место на ФИФА рејтинг листата

Македонската фудбалска репрезентација остана на 68. позиција на ноемвриската ФИФА ранг-листа, која е објавена денеска. Поразот од Австрија и победата над Израел во последните два квалифиакциски натпреаври од групата за ЕП-2020 не им донесоа промена на „црвено-жолтите“. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски кои заврши на третото место во групата, што е најдобар пласман во едни квалификации во изминатите 13-циклуси, на ноемвриското сумирање на резултатите не се поместија на листата, но имаат повеќе три бода во однос на претходното рангирање.

Лидер и натаму останува Белгија, пред Франција и Бразил, а „топ 10“ кја комплетираат: Англија,  Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.

Македонската фудбалска репрезентација во март ја очекуваат завршните натпреаври од Лига на нации, преку кои може да стаса до завршницата од ЕП-2020. Противник на „црвено-жолтите” во полуфиналето од ова натпреварување е репрезентацијата на Косово која е на 115. позиција на најновата ранг-листа.

 

Треба да знаете
Последни објави