Search

Србите имаа среќа во ждрепката за квалификациите во кошарка за ОИ 2020

 Српскиот машки национален тим имаше најмногу среќа од сите земји домаќини на квалификациските турнири во кошарка, за пласман на Олимпискиге игри во Токио 2020.

Во групите во Белград ќе бидат Доминиканска Република, Нов Зеланд, Србија, Порторико, Италија и Сенегал.

Во Каунас ќе разигруваат Литванија, Кореја, Венецуела, Полска, Словенија и Ангола.

Во Сплит битка ќе водат Германија, Русија, Мексико, Тунис, Хрватска и Бразил, додека на турнирот во Викторија во Канада место на ОИ ќе бараат Грција, Кина, Канада, Уругвај, Чешка и Турција.

Само победниците на секој од четирите турнири кои се играат од 23 до 28 јуни, ќе обезбедат место на олимписките игри.

Треба да знаете
Последни објави