Search

Различните етникуми можат да коегзистират во земјава

Сите етникуми можат да коегзистират во земјава, покажа истражувањето „Етичкотo однесување на младите во мултикултурна средина” чии резултати беа промовирани денеска, на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово.

-На прашањето „Дали сите етникуми можат да коегзистират во Македонија, мнозинство или 88,7 отсто имаале позитивно мислење додека 11,3 проценти имаат негативно. На прашањето „дали е етички да се ставаат различни прекари на припадници на другите етникуми и култури”, 79 отсто сметаат дека таквото поведение не е етичко, додека 21 процент сметаат поинаку, беше речено на презенацијата.

Пред присутните средношколци и студенти се обрати министерот за култура Хусни Исмаили кој ја истакна важноста на мултикултурализмот и на знаењето повеќе јазици.

-Јас сум учел на македонски јазик и се гордеам со тоа бидејќи многу добив. Научив многу затаа култура и стекнав многу приајтелите. Шаренилосто е богатсво, а не е мана на општеството. Тоа се вредности кои треба да ги негуваме. Вие младите се централната фигура на државата, образованието и сите општествени текови, рече министерот Хусни Исмаили.

Според ректорот на УЈИЕ, Абдулменаф Беџети, ваквиот проект има позитивно влијание.

-Ние како УЈИЕ сме уникатен модел на однесување во амбиенти на мултикултурно општество во регионот и Универзитетот е типичен модел за тоа, истакна Беџети.

Истражувањето го спроведе Институтот Макс ван дер Штул при УЈИЕ и со него се опфтени 300 луѓе, испитаници од Тетово и Гостивар.

Треба да знаете
Последни објави