Search

Повредени 25 мигранти, комбито им излетало од патот кај Градиште

На 27.11.2019 околу 06.45 часот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово, во близина на с.Градиште, товарно возило „фолксваген“, со бугарски национални ознаки, излетало од коловозот. Во возилото биле пронајдени 25 лица – мигранти, од кои 15 државјани на Авганистан, девет на Пакистан и еден од Ирак (седум биле малолетни лица), кои се здобиле со повреди.

Тие биле пренесени во болница во Куманово за укажување на лекарска помош.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави