Search

Пластифициран сезонски билет ќе задолжителен за влез на дуелот Вардар-Веспрем

Сите посетители на  ракометниот натпреварот меѓу Вардар и Веспрем во рамките од групната фаза во Лигата на шампионите, в недела на 1 декември (17 часот) при влезот во салата „Јане Сандански“ ќе мора да покажат пластифициран сезонски билет или поединечен билет за овој натпревар. Нема да биде дозволен влез во салата со хартиен А4 ваучер  за сезонски билет.

Доколку љубителите на ракометот поседуваат сеуште хартиени ваучери истиот ќе мораат да го заменат со пластифициран сезонски билет кој можат да го добијат на билетарницата во СЦ „Јане Сандански”. Доколку не го направат ова нема да им биде дозволен влез во салата. Ова се однесува само за сезонските билети кои се купени пред почетокот на сезоната. Работното време на билетарницата е секој работен ден од 10 до 18 часот.

 

Треба да знаете
Последни објави