Search

Општина Кисела Вода во соработка со Владата го намалуваат загадувањето на воздухот

Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, претседателот на Советот, Дарио Шимиќ и секретарот на Општината, Александар Алексовски беше во посета на објектите на ЈДГ „8 Март”, „Пеперутка 1 и 2″, лоцирани во населбата Драчево.

Целта на посетата беше целосното заменување на начинот на греење во градинката, со кое ќе се постигне големо намалување на аерозагадувањето.

Неефикасниот начин за греење со согорување на цврсти и фосилни горива, кој во моментов го користат објектите на градинката заменет е со 8 нови инвертери.

Имено, за ова Општина Кисела Вода неодамна аплицираше на јавниот повик на Владата на Република Северна Македонија, за интервенции во образовните установи за целосно заменување на системите за греење.

Општина Кисела Вода работејќи во насока на намалување на загадувањето на воздухот, досегашната успешна соработка со централната власт ќе ја продолжи и во иднина.

Треба да знаете
Последни објави