Search

Несторовски: Елмас си има зацртано за три години да ја освои „златната топка“

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски викендов го постигна првиот гол во дресот на италјанскиот калчолигаш Удинезе и доново се најде во центарот на вниманието кај тамошните медиуми. Во разговор за италијански спортски весник „Газета дело Спорт“ , популарниот „нестор-гол“ зборува за своите, ни и амбициите на својот помлад  20-годишен репрезентативен колега Елиф Елмас, кој летово му се придружи во италјанската Серија А. Елмас направи рекорден трансфер меѓу македонските фудбалерите, преминувајќи од турскиот Фенербахче во италјанскиот Наполи за 16 милиони евра.

-Елмас има така силен карактер,. Млад е, а веќе три години е во репрезентацијата. За да ви појаснам за каква личност станува збор ќе ви кажам само една работа. Тој во својата глава си има зацртано  за три години да ја освои „златната топка“, открива Несторовски.

Покрај најмладиот македонски репрезентативец од Серија А доаѓа и најискусниот македонски интеранционалец, капитенот и прв стрелец во државниот тим 36-годишниот Горан Пандев кој сега ги брани боите на Џенова. Предводени од првиот стрелец со 33 голови во државниот дрес, оваа генерација на макеоднски репрезентативци која го оставри најдобриот пласман во квалифиакциската група за ЕП-2020, завршувајќи на третото место, ќе се обиде преку двата завршни меча од Лигата на нации да се пласира за првпат на завршницата од континенталниот собир.

-Имаме добро избалансиран тим. Ќе се обидеме на секој начин да победиме во полуфиналето и финалето од ЛН. Пандев ме воодушевува секој ден. Има 36 години, а кога ќе дојде во националниот тим не може да дочека за да тренира. За сите нас во репрезентацијата тој останува – симбол, додава Несторовски.

За своите цели прилепчанецот, кој летово од банкротираниот Палермо се пресели во Удинезе посочи дека посакува сезонава да ја заврши со двоцифрен број на постигнати голови.

-Мојата цел останува да дадам најмалку десет гола. Шест сезони имам двоцифрен ефект, трипати во Хрватска (20, 24, 25 гола – н.з), па потоа во Палермо. Сакам да продолжам во ист стил. Давам максимум секој ден за да се изборам за стандардно место во почетната постава. Знам дека не е лесно, но таа е мојата цел, вели Несторовски.

Треба да знаете
Последни објави