Search

Машки финти на кои „паѓаат“ повеќето жени

Некои тоа го прават случајно, но има и такви кои точно знаат што да кажат за да го добијат посакуваното. На овие машки финти „паѓаат“ повеќето жени, без разлика колку и да се паметни и искусни.

  1. Не сум уште спремен за врска, но ако сакаш може да се гледаме

Веројатно мисли да се гледате кај него во стан, сами навечер. Никако преку ден. Многу девојки паѓаат на оваа финта, во надеж дека мажот еден ден ќе биде подготвен за врска.

2.Не сакам само секс со тебе, само сакам и да разговараме

Класична машка финта која редовно завршува со секс. На некои девојки им е доволно да слушнат дека некој не е со нив само поради секс.

  1. Би ги измил садовите, но ти тоа го правиш подобро

Не пали кај секоја, но во тазе врска неколку пати можат да се извлечат со овој изговор.

  1. Имам многу работа, ќе те барам наскоро

Многу е веројатно дека не сака да се види со вас, но не сака ни да ве изгуби, па вака купува време.

  1. Никогаш не сум запознал девојка како тебе

Ова веројатно ѝ го кажува на секоја девојка која ќе ја запознае и баш секоја поради тоа ќе се чувствува толку посебно што ќе биде спремна да направи сè што тој ќе посака.

Треба да знаете
Последни објави