Search

Ибрахимовиќ ќе биде дел од Хамарби, ама како акционер

Шведскиот голгетер Златан Ибрахимовиќ облече дрес на Хамарби во својата земја, а тоа јавноста го сфати како најава за изненадувачки трансфер во клубот од Стокхолм. Искусниот 38 годишен Ибрахимовиќ ќе му помгне на Хамарби, но со купување на акции од клубот. Првиот човек на клубот Ричард фон Ајкскул вели дека тоа е одличен маркетинг за клубот.

-Ова е прекрасен маркетиншки потег за нас. Да дојде човек како Ибрахимовиќ и да биде дел од Хамарби, тоа е неверојатна инвестиција. Се радуваме на вакваѕа соработка – изјкави Фон Ајкскул.

Шведскиот гол-мајстор Ибрахимовиќ по разделбата со ЛА Галакси сеуште не се изјаснил дали и каде ќе ја продолжи својата играчка кариера.

Треба да знаете
Последни објави