Search

Зошто изби земјотресoт во Албанија?: Сѐ започна во Италија пред неколку денови

Ерупцијата на вулканот во Италија ослободила голема количина енергија, што довело до тоа тектонските блокови покрај бранот на енергија да ја задржат својата рамнотежа, поради што доаѓа до земјотрес, изјавил за Н1 директорот на Геолошкиот завод на Србија, Драгоман Рабреновиќ.

Рабреновиќ потсетува дека земјотресите се процеси на површината на земјината кора, дека се краткотрајни и брзи, а се случуваат кога ќе дојде до ослободување на одредена количина енергија која се акумулира во длабоки слоеви од земјината кора.

Според него, линиите на спротиставените тектонски плочи може да укажат на можни процеси и додава дека подрачјето кај Драч припаѓа на јужната јадранска плоча, која е тектонски обликувана во најмладиот дел на геолошката историја.

Таа денес е многу сеизмички активна, напомнал соговорникот на Н1.

Покажувајќи мапа на историјата на потреси во регионот, Рабреновиќ објаснил дека најсилните земјотреси се со јачина од 5 до 7 степени според Рихтерова скала.

Треба да знаете
Последни објави