Search

Жоао Феликс е добитникот на наградата „Златно момче“

Добитник на годинашната награда „Златно момче“, кое се доделува за фудбалери до 21 година е Жоао Феликс од редовите на шпанскиот Атлетико Мадрид, каде пристигна летово од португалската Бенфика.  За наградата која ја доделува „Тутоспорт“ гласаа новинарите од европските медиуми.

Феликс собра 332 гласови, речиси двојно повеќе од Џејдон Санчо (175) од редовите на Борусија Дортмунд, а на трето место се најде тинејџерот од бундеслигашот Баер Леверкузен, Каи Хаверц со 75 гласови.

-Многу сум горд за наградата. Ова е вторпат наградата да ја добие фудбалер на Атлетико Мадрид. Голема благодарност до Бенфика и посебно на тренерот Бруно поради тоа што ми помогна мене и на моето семејство, порача освојувачот на наградата Феликс.

Треба да знаете
Последни објави