Search

Енрике е промовиран во старо-новиот селектор на Шпанија

Луис Енрике повторно е селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија. Тој одлучи ненадејнио да се повлече од селекторската функција поради болест на неговата ќерка. Но, по трагичниот крај во битката за живот на неговата ќерка, Енрике одлучи да продолжи со животот и да му се врати на фудбалот. Со „црвената фурија“ потпиша договор до Светското првенство во Катар 2022.

-Имав навистина тежок период и смртта кога ќе ве обземе, тогаш сфаќате дека не можете да сторите ништо друго туку само да се обидете да продолжите со животот. А фудбалот е мојот живот, најмногу можам да придонесам тука и голема чест е да се биде селектор на Шпанија. Следната цел е да се обидеме да ја освоиме титулата на ЕП 2020, но не сме ниту главни фаворити, ниту пак конкуренцијата е слаба. Идеите остануваат исти, Шпанија е квалитетна и не треба премногу да се менува, туку само да го негува и надградува победничкиот дух, изјави Енрике на својата промоција во старо-нов селектор.

Треба да знаете
Последни објави