Search

Елмас со Наполи на „Енфилд“ ќе се вадат од резултатската криза

Со вечерашните преостанати осум средби од четирите групи од Е до Х, ќе биде комплетирано 5. претпоследно коло од групната фаза во елитното фудбалско клупско натпреварување Лигата на шампионите. Шанса да им се придружат во осминафиналето на ПСЖ, Реал Мадрид (А група), Баерн Минхен, Тотенхем (Б група), Манчестер сити (Ц група) и Јувентус (Д група), пред да се одиграат последните 90 минути ќе имаат и актуелниот европски првак Ливерпул, Наполи и Барселона.

Многу поголема неизвесност за расплет на ситуацијата во групите ќе понудат денешните натпревари од групите, во кои мак-фудбалот ќе има уште еден свој престставник, младиот репрезентативец Елиф Елмас кој со италјанскиот Наполи ќе гостува кај актуелниот европски првак и лидер во англиската премиерлига Ливерпул. Токму против Ливерпул, на почетокот од годинашното натпреаврување Елмас дебитираше во најквалитетното натпреавруавње. Доби шнаса од клупата за резерви и одигра петнаесетина минути. Ако се суди според последното одиграно 13. коло во италјанската Серија А, кога Елмас одигра цел натпреавр за тимот од Неапол на гостувањето кај Милан, тогаш македонскиот фудбалски „бисер“ може да се очекува на реваншот на „Енфилд“ да истрча во почетниот состав на Наполи. Четата на искусниот трофеен тренер Карло Анчелоти ќе се обиде да ја прекине резултатската криза, поради која настана и хаос во соблекувалната во Неапол, па играчите заработија и дебели парични казни.

Наполи незнае за победа веќе пет кола во Серија А, има четири нерешени и еден пораз, а последен пат се радуваше во ЛШ на 23 октомври на гостувањето кај Салцбург, но не го совладаа дома истиот тим и си ја закомплицираа ситуацијата. Во првата пресметка со Ливерпул, наполитанците тргнаа победнички во групната фаза од ЛШ, па се надеваат дека повторно ќе бидат инспирирани од шампионот да се извлечат од резултатската криза токму на „Енфилд“.

И Барселона не е во елемент сезонава, но сепак во Ф групата е лидер. На „Камп Ноу“ шпанскиот првак Барселона ја дочекува Борусија Дортмунд. Во првите 90 минути меѓу овие ривали мрежите мируваа, па сега мораат да бидат многу поагресивни за да направат чекор поблиску до нокаут-фазата, бидејќи Интер кој несреќно губеше чека кикс за да се замеша за водечките позиции.

Најголема неизвесност владее во Х групата, каде Ајакас, Челси и Валенсија имаат по седум бода и ќе треба да расчистат во последните две кола. Последниот финалист во ЛШ, холандскиот Ајакс гостува кај отпишаниот ЛОСЦ Лил, а Валенсија му е домаќин на Челси.

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО

Е група: Ливерпул – Наполи (21 ч.), Генк – салцбург (21 ч.)

Табела: Ливерпул 9 бода, Наполи 8, Салцбург 4, Генк 1.

Ф група: Барселона – Борусија Дортмунд (21 ч.), Славија Прага – Интер (21 ч.)

Табела: Барселона 8 бода, Борусија Дортмунд 7, Интер 4, Славија Прага 2.

Г група: Зенит – Лион (18.55 ч.), Лајпциг – Бенфика (21 ч.)

Табела: Лајпциг 9 бода, Лион 7, Зенит 4, Бенфика 3.

Х група: Валенсија – Челси (21 ч.), ЛОСЦ Лил – Ајакс (21 ч.)

Табела: Ајакс 7 бода, Челси 7, Валенсија 7, ЛОСЦ Лил 1.

Треба да знаете
Последни објави