Search

Елиф Елмас не е меѓу стартерите на Наполи

 Македонскиот репрезентативен фудбалер Елиф Елмас од клупата за резервни играчи ќе го проследи почетокот на натреварот од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Наполи, кој се игра на стадионот „Енфилд”.

Елмас не се најде меѓу почетните 11 на Наполи со кои тренерот Карло Анчелоти ќе му се спротивстави на актуелниот европски првак и лидер на англиската Премиерлига.

И на првиот меч на овие два тима сезонава, на 17 септември во Неапол, Елмас беше резерва, но влезе во игра во 75-тата минута при резултат 0:0, а на крај неговиот тим победи со 2:0.

Можеби и вечерва Елмас ќе добие шанса да го поправи тоа што неговите соиграчи би го расипале ако не играат добро на ова тешко гостување.

Треба да знаете
Последни објави