Search

Вардар не победи, а конкурентите за шампионската титула Академија Пандев и Шкендија загубија

Лидерот во македонската прволигашка фудбалска конкуренција Вардар, во прекуредното 16. коло попладнево прокоцка шанса да си ја осигура првата позиција пред заминувањето на зимска пауза во четиркружниот натпреварувачки шампионат. На две кола пред крајот на есенската сезона, Вардар ремизираше во Кратово со Силекс (2:2), а конкурентите во шампионската трка Академија Пандев и актуелниот првак Шкендија беа поразени на гостувањата во Чаир кај Шкупи (1:3), односно кај дебитантот во Струга (1:2). И со половичен резултат скопските „црвено-црни“ ја зголемија предноста  во однос на Академија Пандев и Шкендија.

Вардар ја испушти победата од рацете на четири минути пред крајот, па во последните две рунди го очекуваат две дерби пресметки најпрво со Академија Пандев в недела во Струмица, а потоа и со Шкендија на 8 декември во Скопје. За да презимат на првата позиција на „црвено-црните“ кои три кола по ред незнаат за победа им треба најмалку еден бод од овие две средби.

Работнички конечно победи и тоа прптив дирекниот конкурент Борец (2:1) се приближи до ривалите во трката за опстанок, но остана на последната позиција. Борец и на осмото гостување сезонава е поразен. Ренова и Макеоднија ЃП ремизираа во битката за бекство од дното (1:1).

ПРВА ЛИГА, 16. КОЛО

Силекс – Вардар 2-2 (1-0)

Гроздановски 13, Костовски 86 – Тошевски 49, Цветановски 72

Работнички – Борец 2-1 (1-0)

Тошевски 37, Велкоски 60 – Прелчец 62 п.

Шкупи – Академија Пандев 3-1 (0-1)

Сержињо 67, Дембо 78, Јусуфи 93 – Рајковиќ 7

Ренова – Македонија ЃП 1-1 (0-0)

Селмани 54 – Блажевски 90

Струга Трим Лум – Шкендија 2-1 (0-1)

Кочоски 54, Лена 65 – Жуниор 37

ТАБЕЛА:Вардар 32 бода, Академија Пандев 27, Шкендија 24, Силекс 23, Шкупи 22, Македонија ЃП 22, Струга ТЛ 22, Борец 16, Ренова 16, Работнички 14.

Треба да знаете
Последни објави