Search

Валенсија и Челзи одиграа и за Ајакс

 Нерешениот резултат од 2:2 на средбата помеѓу Валенсија и Челзи ги задржа двата тима во трката за место во осминафиналето од фудбалската Лига на шампиони, но ова му одговара и на Ајакс, доколку вечерва слави кај отпишаниот Лил.

Валенсија водеше 1:0, промаши и пенал, па на крај се спасуваше од пораз.

Првиот гол за Челзи ги даде Хрватот Матео Ковачиќ, кој погоди по низа од 122 одиграни меча без погодок. Ковачиќ три години немаше дадено гол и му помогна на Челзи да освои бод на „Месталја”. Во последното коло, Валенсија гостува кај Ајакс, а Челзи го пречекува Лил.

Во групата Г, Зенит го победи Лион со 2:0 и сега сам си ја одредува судбината. Рускиот тим има ист број бодови со Лион и ако триумфира во последното коло ќе оди меѓу 16-те најдобри. 

Треба да знаете
Последни објави