Search

Борјан: Ние не сме за ова натпреварување

Српскиот фудбалски шампион, белградска Црвена звезда која втора сезона преку квалифиакциите стасува до групната фаза во најквалитетното клупско натпреварување Лигата на шампионите, во 5. коло од групата доживеа дебакл пред своите гледачи од германскиот Баерн Минхен (0-6). По пет одиграни кола „црвено-белите“ имаат примено 19 голови, по девет од Баерн Минхен и Тотенхем и еден од Олимпијакос.

-Реално треба да се погледнеме во очи. Иако е многу е тешко да се зборува, треба да си признаеме  дека ние не сме за ова натпреварување. Мора да бидеме реални, порача Милан Борјан, голманот на Црвена звезда, кој и покрај убедливите порази е на висина на својата задача и е најазслужен што нивната мрежа противниците не ја наполнија уште повеќе со голови.

-Недозволиво е на секој натпревар да примаме толку многу голови и да играме слабо. Од наши грешки ги примаме головите и секој натпревар го завршуваме со четири, пет примени голови, додава голманот.

-Не можам да зборувам за останатите соиграчи, за мене лично ова е многу тешко и жал ми е за сите луѓе кои доаѓаат да ни дадат поддршка, тие не заслужуваат вакви резултати. Но тоа е, животот продолжува.

Треба да знаете
Последни објави