Search

Меси на неговиот наследник во Барса: За 2 години си одам и тогаш ќе ме замениш!

Суперeрsвездата на Барселона, Лионел Меси има намера да се повлече од својот трон во блиска иднина и неговите планови се да биде заменет со Нејмар, пишува „Франс Фудбал”.

Според француското издание, обидите на газдите на Барса да го продолжат договорот на „болвата” удираат на камен, а тој ќе го напушти „Камп Ноу” за нешто повеќе од една и пол година.

– Заминувам од Барса за две години и сакам да го заземеш моето место, му рекол Меси на Нејмар, кој даде се од себе за да се врати во Шпанија во текот на летото, но ПСЖ одби да го продаде.

Лео и Кариоката играа заедно од 2013 до 2017 година, а потоа Нејмар сензационално замина во Париз за рекордна сума од 222 милиони евра.

Не е јасно дали плановите на Меси вклучуваат враќање во Аргентина или петкратниот победник на „Златната топка” размислува да се откаже од фудбалот.

Постои опција тој да игра за друг европски клуб, но шансите се чинат илузорни со оглед на неговата љубов кон „блаугранас”.

Треба да знаете
Последни објави